
Зголемена посетеност на саемот на книга
Редици деца, со насмевки и возбуда кои чекаат пред влезот на Саемот на книга е ретка слика која може да ја видите во време во кое многумина ќе забележат дека има се помалку читатели во новите генерации. Сепак и покрај тоа што станува збор за организирани посети, радува фактот дека барем некои ќе и останат верни на книгата. Љубовта кон неа се стекнува во најрана возраст.
Има многу добар избор, голем избор на интересни книги. И навистина беше убаво интересно.
Многу е убаво и интересно, си купив неколку книги . Често читаш ? Што најмногу ? Пинокио, Златното Јаболко и други.
Јас сум втор пат на Саем за книга и едноставно е многу интересно има убави книги.
За издавачите годинашниот 37 Саем на книгата влева надеж дека во ова брзо темпо на живеење и брз развој на технологијата сепак лавиринтите на книжевноста и понатаму се предизвик за многумина. Луѓето веќе точно знаат што да купат, бидејќи претходно се добро информирани на социјалните мрежи, велат на штандовите.
“Буквално имаше редици пред билетарницата што е веројатно показател дека била успешна годината на овој саем. А од она што можам да забележам е дека и продажбата на книги е зголемена во однос на минатите години, така што можеме да кажеме дека ова е еден успешен саем” – изјави Дејан Василевски од книгоиздателство Литература.
“Радува дека секоја година се зголемува бројот на посетителите интересот исто така. Радува фактот дека имаше голем број публика деца организирани од училиштата” – порача Александра Филиповска од книгоиздателство Три.
Во рамките на 31 -от Меѓународен саем на книгата кој се затвора вечерва се претставија седумдесетина домашни и странски издавачи.
Земја во фокусот беше Унгарија и унгарската книжевност. За вљубениците во пишаниот збор годинашниот саем понуди бројни промоции и средби на авторите со читателите.
Нина Стефанова