Папата Франциск и папамобилите

 

  • Возилото е неопходно за да се завршат многу работи, но Ве молам, одберете поскромно нешто ! Ако сакате модерен модел, размислете колку многу деца умираат од глад во светот !

Оваа изјава на папата Франциск најдобро го илустрира односот на поглаварот на Римокатоличката црква кон материјалните вредности, a особено кон папамобилот. Тоа е посебно дизајнирано моторно возило што го користи во текот на јавните настапи. Со помал , отворен модел на папамобил, папата Франциск денеска пристигна на плоштадот Македонија во Скопје , во рамките на првата историска апостолска посета на нашата земја и ги поздрави насобраните верници и следбеници.

Франциск користи папамобили за јавни настапи, иако е прв папа кој го смени односот кон употребата на превозните сретства и воопшто кон трошењето. Тој низ Ватикан ужива да се вози во автомобилот марка Рено 4Л , од 1984 година, објаснувајќи го тоа со потребата да биде поблиску до народот и да не му се обраќа преку заштитна бариера.

Модифицирани возила од марките Мерцедес Бенс и Форд Фокус, доминираат во возниот парк на Папската курија. Но, историјата памети и други производители на автомоли кои дизајнирале специјални возила, од 1929 година наваму, кога папамобилот започнал да се употребува. Каков модел на папамобил ќе се користи, зависи од потребното ниво на безбедност, оддалеченоста што треба да се помине, брзината на патувањето и потребите на папата.

Пие 11-ти,  бил прв папа кој се возел во папамобил. Го користел возилото од Мерцедес Бенс –Нобок 460 Пулмен. Дел од моделите на папамобили се отворени. Еден од нив е од марката Фиат и во него се наоѓал папата Јован Павле  Втори , кога се случил обидот за атентат врз него,  во мај 1981 година во Ватикан, по што добил на користење, бел џип. Но, најдалеку во промоцијата на современата технологија, применета во автомобилската индустрија, отиде Папата Бенедикт 16, кој се возеше во папамобил на струја, од марката Рено Икс 5, добиен на подарок.

Има модели на папамобили кои му овозможуваат на папата да седи, а други се дизајнирани да му создадат комоција додека стои и го поздравува насобраниот народ.

Регистарските таблички на папамобилите започнуваат со кратенкатa од три букви СЦВ, што го означува латинското име на градот -држава Ватикан, „Civitatis Vaticanae “. Регистарските таблички на папамобилот од марката Форд Фокус, што го користи папата Франциск, се СЦВ 00919, а во употреба се и типичните регистарските таблички од минатото,  СЦВ 001, СЦВ 002 и СЦВ 009.

Пред употребата на папамобилите, понтифите се возеле во автомобили, а уште порано биле носени на рамениците на следбениците, качени на церемонијален трон, наречен Седиа Џестаториа.

Сотир Трајков

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ