Издигнување над национализмот и единство меѓу луѓето-пораки за Светскиот ден на танцот

Насекаде во светот денеска се прославува Светскиот ден на танцот. Во пораката што ја праќа Интернационалниот театарски институт при УНЕСКО и македонското ИТИ-УНЕСКО, авторките , Карима Мансур и Гордана Деан Попхристова, апелираат да се практикува танцот како сретство за сплотување меѓу луѓето. Танчерката, кореограф и танцов едукатор, Карима Мансур од Египет, во меѓународната порака по повод Светскиот ден на танцот, ги повикува луѓето да се издигнат над национализмот и ограничувањата.

  • Ги повикувам луѓето да зачекорат преку границите, преку кризата на идентитетите, да се издигнат над национализмот и рамките на ограничувањата. Би можеле ли да се ослободиме од сите ограничувања и да го пронајдеме движењето и моментумот на тој универзален јазик?

А нашиот кореограф и танчерка, Гордана Деан Попхристова, која денес живее и работи во Еквадор, во македонската порака за Светскиот ден на танцот, вели дека кога политичарите би танцувале во единство, не би постоеле поделби меѓу луѓето.

  • Кога политичарите би танцувале, би ги преплетувале рацете за да ја разубават политичката кореографија, за да го слават единството, а не поделбата на луѓето и светот. Кога работниците би танцувале, со насмевка би оделе на работа. Кога младите би танцувале со старите, тоа би ги кревало старите од постела, за да не бидат осамени.

Пораките за Светскиот ден на танцот се читаат на сите светски танцови и балетски сцени, по што традиционално се изведуваат танцови проекти.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ