
Уметникот не смее да се одвојува од темите во околината- интервју со Нада Прља
Уметникот не смее да се одвојува од темите во околината – е пораката на визуелната уметничка Нада Прља. Во ексклузивното интервју за Телма, по повод нејзиното учество на годинашново Венециско ликовно биенале, Прља, седната на софа која е дел од проектот „ Субверзија во црвено“, со кој ќе ја претставува нашата земја на биеналето , зборува за ангажираниот пристап во творештвото и за потребата државата повеќе да ги подржува културата и уметноста.