
Претставен сценскиот живот на МНТ за 74 роденден
Снежана Конеска Руси, е актерка која игра во МНТ, 45 години во континуитет. Денеска таа е дел од ансамблот кој со радост и возбуда прослави 74 години од првата изведена претстава на оваа сцена.
Јас имам чест што сум работела во претстави на македонски автори, со македонски режисери од кои ќе го истакнам најмногу Бранко Ставрев. И во мојата богата уметничка кариера -45 години, во мигот кога мојот театар одбележува 74 години, можам да се пофалам со 100-тина изведби, на претстави од македонски автори, вели актерката Снежана Конеска Руси.
Домашната драма е во фокусот на изложбата со која МНТ го прослави 74 роденден. Идејата е да се прикаже сценскиот живот низ времето, на претставите, работени по текстови од домашни автори, вели авторката на изложбата.
Како низ неколку постановки се развива со текот на времето, со текот на модернизацијата и осовременувањето, како се модернизираат драмите. Значи тој пат на драмите, вели раководителката на музејот на МНТ Ивана Јарчевска.
Од „Чорбаџи Теодос“, на Васил Иљоски, поставена како трета претстава во далечната 1945 до „ Дух“ на Дејан Дуковски од 2018, меѓу 400 текстови одиграни во МНТ, над 100 се од македонски автори.
Изложбата ја претставува тенденцијата на МНТ да го афирмира и негува современото македонско драмско творештво.Во тие рамки, на изложбата се претставени текстови и други експонати од над 100 претстави, поставени по текстови на домашни автори во МНТ, од 1945 година до денес.
Изложбата за јавноста ќе биде отворена во текот на целата година.
Сотир Трајков