КИТ ФЛИНТ ПЕЈАЧОТ НА „ПРОДИЏИ“ ПРОНАЈДЕН МРТОВ

Кит Флинт фронтменот на најпознатата британска електронска сензација „Продиџи“ утрово е пронајден мртов во својот дом во Есекс, Велика Британија. Како што јавуваат британските медиуми полицијата се уште не ги открива причините за смртта, но вели дека на телото на 49 годишниот Флинт не се забележани знаци на насилство.

„Бевме повикани веднаш по пронаоѓањето на телото на маж утрово околу 8:10. Причините за смртта на Кит Флинт ќе бидат соопштени по обдукцијата“, соопшти британската полиција.

Веста за смртта на Кит Флинт за обожавателите ја потврди на својот Инстаграм профил неговиот близок пријател и соработник Лиам Хаулет:

-Веста е вистинита, не можам да поверувам дека ова го кажувам, но нашиот брат Кит си го одзеде животот за време на викендот. Шокиран сум, лут, збунет и со скршено срце… Почивај во мир – напиша Лиам.

 

Најголемиот успех „Продиџи“ го достигнаа во 1996- та година со хитовите Firestarter i Breathe , а самиот Кит Флинт стана икона на британската музичка сцена  со своите енергични настапи во живо, необичната фризура и мноштвото тетоважи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ