Поради голем интерес, уште два концерта на Каролина со Македонската филхармонија

Бидејќи двата закажани концерта на 15 и 16 февруари, на поп ѕвездата Каролина Гочева со Македонската филхармонија, се одамна распродадени и многу нејзини фанови останаа без влезници, Авалон продукција одлучи да се одржат уште два, информираат од таму. Дополнителните два концерта се закажани за 20 и 22 февруари, на истото место, посочуваат од Авалон продукција. Овие концерти претставуваат пресек во кариерата на Каролина и од продуцентската куќа веруваат дека ќе биде вистинско задоволство да се види и слушне како тоа ќе изгледа заедно во комбинација со оркестарот на Македонската
филхармонија. Влезниците по цена од 1.000 денари се веќе во продажба онлајн и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија. Од Авалон продукција препорачуваат да се побрза со купувањето на билетите.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ