
„ Ти си Алеф“ вечерва во МОБ
Промоција на играно – документарниот филм „ Ти си Алеф“, ќе се одржи вечерва во Македонската опера и балет, со почеток во 20 часот. Зад проектот како сценарист, режисер и продуцент, стои Соња Ризоска Јовановска, а улогата на Алеф, му е доверена на актерот и шоумен, Игор Џамбазов. Во рамките на промоцијата, неколку музички нумери ќе изведе Абаз Јахја, на инструментот бендир-неј, а ќе настапи и Ајдин Јахја, на неј. Ќе бидат отворени и две изложби: „Тајната на животот е да се падне седум пати и да се стане осмиот пат“, на сликарот Живко Поповски-Цветин, како и изложбата на фотографии, насловена „Од пепелта до вистината со Алеф“.