Култура „Животинска фарма“ на Џорџ Орвел премиерно во струмички театар
„Животинска фарма“ на Џорџ Орвел во изведба на струмичкиот театар. Синоќа премиерно се изведе претставата за која режисерот вели дека не е само исмевање ан системот на поранешниот Советски сојуз, туку важи и за денешницата во која целиот свет е животинска фарма и го управуваат големите сили.
Актерите велат дека режисерот успеал да ги сплоти и да создаде атмосфера за заедништво што било причина сите да дадат максимум во претставата.
Претставата се игра во мал простор, налик на фарма специјално дизајниран за оваа намена. Капацитетот е околу 60 гледачи и е интимен затоа што идејата била публиката да е заедно со актерите.
Сузана Мицева



