Политиката, емоциите и темите станаа приоритет во медиумите, недостига книжевна критика

Без книжевна критика и свеста за нејзината улога во општество ние немаме јасна слика за современото книжевно творештво и контекстот во кое се создава, вели хрватскиот книжевен критичар Лука Остојиќ,  автор на поимникот „Напомош читаме книга“. Станува збор за сатирични текстови објавени на сајтот  Boooksa.hr  кои нудат нови толкувања на познати класични, но и современи дела.

Фрустрациите кои произлегуваат од политиката, емоциите и темите станаа приоритет во медиумите, за разлика од уметноста и критиката. Тоа е штета, затоа што и критиката може да проговори за политиката и општеството во кое денес живееме. Критичкото читање воопшто и пишувањето критика не е особено пожелно во светот денес, вели Остојиќ.

Речиси е невозможно да прочитате негативна критика во средини во кои секој со секого се познава. Се добива впечаток сите книги се со книжевно-уметничка вредност што не е вистина. Дела за кои немате негативна критика, но затоа мноштво лајкови на социјалните мрежи јасно го посочуваа  рекламниот дискурс,  вели тој.

Малку луѓе се осмелуваат да пишуваат негативна критика, затоа што тоа се тие„мали сцени“, па луѓето не сакаат да се замерат меѓу себе. Од друга страна пак, негативните критики не се добри за рекламата и кога ќе објавите негативна критика тоа нема никој да го сподели, никој нема да го лајкува, но во статистиката ќе видите дека сите читаат, додава Остојиќ.

Лука Остојиќ беше гостин на трибината за критиката во регионот во рамките на фестивалот КРИК  во организација на Здружението на граѓани Контрапункт.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ