Комеморација за Јован Ристов во понеделник на пладне

Комеморација за починатиот основач на Управата за заштита на културното наследство, Јован Ристов, ќе се одржи на 10. декември (  понеделник), со почеток во 11 часот , во Музејот на Македонија, информираат од УЗКН. Јован Ристов почина ненадејно вчера на 69 години, а беше погребан денеска на градските гробишта во Бутел. Покрај основањето на Управата за заштита на културното наследство, тој беше и нејзин прв директор, а работеше и во Националниот конзерваторски центар на РМ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ