
Ермис Лафазановски со „ Туја“ македонски конкурент за „ Балканика“
Писателот Ермис Лафазановски , со книгата „ Туја“, е наш национален претставник за меѓународната книжевна награда „Балканика “ .На конкурсот, што традиционално го објавува издавачката куќа „Магор“, пристигнале уште други 6 книги: „Апокалипса.мк “, од Бранко Прља, „Океан од слики “, од Томислав Османли, „Земја на бегалците“ од Кица Барџиева Колбе, „Диссомнии“ од Игор Станојоски, „Божја честичка“ од Глигор Стојковски и „Последното име на иднината“ од Живко Гроздановски. Од нив три влегоа во потесен избор, велат од Магор. Книжевната манифестацијата „Балканика“, годинава ќе се одржи во Букурешт – Романија, од 14 до 16 декември.