Почина Бернардо Бертолучи великанот на италијанскиот „Нов бран“

Великанот на европската кинематографија Бернардо Бертолучи почина во Рим  по долго и тешко боледување.  Зад себе остави антологиски дела кои ги добија речиси сите најзначајни признанија меѓу кои и почесната награда на Канскиот фестивал во 2011 година.

Бертолучи зад камерата со својата режисерска палка ги реализираше вонвременските филмови: контроверзниот „ Последното танго во Париз“  со Марлон Брандо и Марија Шнајдер кој му донесе номинација за Оскар за најдобра режија, за „Последниот кинески цар“ во 1988 та беше номиниран  за Оскар и ги освои сите девет Оскари. Бертолучи меѓу останатите филмови ги режираше и „Чај во Сахара“, „Дваесетиот век“, „Конформист“, „Малиот Буда“ и „Украдена убавина“.

Бертолучи својата кариера ја започна во 60- те вбројувајќи се во клучните фигури  на познатиот италијански нов бран. Беше рамо до рамо со великаните на италијански филм како Фелини, Пазолини и Антоњони. Својот последен филм насловен „Јас и ти“ , 25 по ред кој го сними во 2012 та година според истоименото дело на истакнатиот италијански писател Николо Аманити.

Веднаш по овој филм Бертолучи целосно се повлекува и во изминативе десет години животот го мина во инвалидска количка, по неуспешната операција на дискус хернија.  Бернардо Бертолучи, култниот италијански режисер ќе биде погребан во Рим.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ