Традиционалното гласоечко пеење потекнува од тетовско

Традиционалното автентично пеење потекнува од тетовско. Се вика гласоечко, заштитено е со закон, но ретко може да се сретне. Овој фолклор го негуваат група од едвај двесетина повозрасни жители од тетовските села кои стилот на пеење го научили од нивните предци. Младите велат тие, не се заинтересирани да продолжат и да го научат и негуваат нашето културно наследство

Од Институтот за фолклор Марко Цепенков, велат дека гласоечкото пеење и секој културен белег преставува идентитет на еден народ. Мора да се потикнат младите да го засакаат, а дел од нив и научат овој фолклорн ако сакаме да не ги изгубиме корените и генезата на Македонскиот народ од овој дел на државата.

Гласоечкото пеење е полифоно со два гласа. Се пее најчесто за татковина, љубовта, се пренеусваат верувањата историјата обичаите. Специфичноста на ваквото пеење ја препознаа и од УНЕСКО, кои во 2015 година го впишаа гласоечкото во листата на заштитени добра како нематеријалното културно наследство.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ