На археолозите им недостасуваат финансии, власта уверува пари има

Археолозите во Македонија не заостануваат зад колегите од западните земји по знаење и следење на технолошките достигнувања коишто се применуваат при истражувањата, но немаат пари да ги купат за да работат со нив. Ова е ставот на фелата на прашањето каде се наоѓа македонската археологија во однос на европската.

Од Владата велат дека Mинистерството за култура има доволно буџет, но тој во минатото бил трошен на непотребни проекти, а биле занемарувани суштински потреби на институциите.

Струмичкиот музеј го организира петтиот меѓународен научен симпозиум на којшто учествуваат триесетина археолози од повеќе европски земји. Темата годинава е „Култ, мит, религија“.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ