Почина Шарл Азнавур

На 95 години почина Шарл Азнавур, легенда на француската шансона и актер, пренесе неговиот портпарол. Талентот на Азнавур во младоста го откри Едит Пјаф, овозможувајќи му да стане голем поет и текстописец на шансони, поради кои го доби епитетот француски Френк Синатра.

Покрај особената боја на гласот како негов заштитен знак, Азнавур беше магнет за публиката и со искрените, стравствени и  мелодраматични настапи. Во долгата кариера тој продаде повеќе од 180 милиони албуми, одигра повеќе од 60 улоги на филм и заработи ѕвезда на холивудската патека на славните. Шарл Азнавур беше прогласен за пејач на векот, 1998 година, од страна на CNN, а престојуваше и во Македонија, 2009 година.

Од фестивалот на француски филм во Охрид, Шарл Азнавур замина со наградата „ Златна маска“, за животно дело.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ