Книжевните преводи не се вреднуваат

Зададените куси рокови за преведување и недостигот на добра соработка меѓу издавачот, лекторот и преведувачот се главната причина за недостиг на квалитетен книжевен превод кај нас на и онака малиот книжевен пазар.

„Проблемот е што многу често кратки се роковите малку се плаќа и добрите преведувачи се обесхрабрени да се зафатат со таква работа бидејќи си го штитат своето реноме. Не можете вие една книга да ја преведете за минимално време и да одговарате за квалитетот или ќе го направите тоа и не одговарате за квалитет“, вели претседателката на ЗПРМ Огнена Никуљски.

„Јас мислам дека од книжевен превод никој не може да живее кај нас, тоа е едниот главен проблем.  Мора да работат, работат деноноќно но тоа е ужасно исцрпувачки за малку пари. Значи од книжевен превод не може да се живее, но ако се сака тоа ќе се прави“, смета преведувачката Љубица Арсовска.

Кусите рокови за преведување не се единствениот проблем, туку и цената како критериум која ја диктира книжевниот пазар кај нас.

„Вие не можете преводот воопшто, не книжевниот само било кој превод да го третирате како стока како купување паста за заби или сапун и на тендер да објавите дека цената ќе биде единствениот критериум кога во тоа мора да има и други критериуми“, вели Никуљски.

За жал младите и квалитетни преведувачи ретко добиваат можност да преведуваат и нивниот труд не се вреднува доволно.

„Јас мислам дека на младите треба да им се дава повеќе шанса, меѓутоа не заради ниска цена. Не за да биде еве ти даваме шанса бидејќи ти е прв пат ќе биде цената ниска и потоа таа цена никогаш не се крева“, вели Арсовска.

Дури и да имаме јасна слика за тоа кои се критериумите што се преведува и како се преведува, главното прашање е колку во пракса знаеме да ги примениме ваквите критериуми, вреднувајќи го соодветно трудот на преведувачот заклучуваат нашите соговорници.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ