
Филмот „Исцелител“ избран за македонски кандидат за Оскар за 2019
Филмот на режисерот Ѓорче Ставрески, „ Исцелител“, е избран за македонски национален кандидат за наградата Оскар на Американската филмска академија, соопштуваат од Друштвото на филмски работници на Македонија.
Зад одлуката стои комисија при ДФРМ, во состав: Игор Иванов – режисер и претседател, Ирена Ристиќ – актер, Амернис Нокшиќи – актер, Горан Трајкоски – композитор, Игор Тошевски – ликовен уметник и сценограф, Даријан Пејовски – режисер и Наум Доксевски – кинематографер. Комисијата е прифатена и одобрена од Американската Академија.
Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Враќање“, во режија на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“, во режија на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“, во режија на Куштрим Бектеши, и „Ругањето на Христос“, во режија на Јани Бојаџи, се вели во соопштението од ДФРМ.