Министерството за култура ќе распише нов јавен оглас за директори

Министерството за култура ќе распише нов јавен оглас за директори во институциите за кои не беше донесено решение по спроведените конкурси. Во дописот на Министерството за култура нема конкретен одговор зошто се поништени конкурси за седум директори, кога ќе бидат распишани нови и до кога ќе траат. Во меѓувреме со овие институции меѓу кои се Велешкиот, театарот Комедија, НУБ „ Свети Климент Охридски“ во Скопје и Археолошкиот музеј раковадат в.д директори со истечен мандат.

„Министерот по предлог на комисиите донесе решенија за невршење на избор, а истовремено донесе одлука за распишување нов јавен оглас за директори за кој јавноста дополниетлно ќе биде информирана“, велат од Министерство за култура.

Министерството за култура ја објави листата со 22 -ца директори со полн мандат во установите од културата, по спроведените конкурси во летниот период. Конкурсите беа отворени на 20 јули, завршија на 6 август, а додека се чекаа резултатите, незадоволни театарџии и други културни работници кои сакаа да останат анонимни, до Телма праќаа докази дека изборот на директори се врши по партиски кадровски комисии и по партиски тефтери.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ