
Загајевски: Уметноста може да ги промени нештата на подолги патеки
Никогаш не го криев моето спротиставување кон национализмот, неонацизмот и расизмот, застрашувачи феномени, за кои бев убеден дека се минато. Живееме во опасни времиња и овие нешта се враќаат повторно во различни форми во повеќе земји, вели полскиот поет Адам Загајевски.
Зошто тоа е така е тешко да се одговори. Човештвото има куса меморија. Можеби заборавот на катастрофата од Втората светска војна на наци режимот и фашизмот. Толку многу години. Поминаа 73 години од крајот на војната и долго време луѓето паметеа, но сега новите генерации се чини дека се се помалку едуцирани. Но тоа не се должи единствено на образовниот систем, туку на еден длабок политички процес, вели Адам Загајевски, добитник на „Златен венец 2018“.
Уметноста може да ги промени нештата на подолги патеки, но не треба се очекува инстант решение и брза интервенција во актуелните општествени превирања низ поезијата, книжевноста и филмската уметност. Затоа пак политичарите ја имаат таа моќ на брзо дејствување, смета Загајевски.
Најпрво ни требаат мудри политичари. А поетите ќе дојдат подоцна. Сметам дека ова е време кога немаме многу добри политичари, можеби немаме големи . Воопшто потребни ни се умни, интелигентни. Можеби како Макрон. Тоа е политичар кој ми дава надеж, вели Загајеввски.
Делата на Адам Загајевски се преведени на повеќе светски јазици. Добитник е на бројни книжевни награди меѓу кои меѓународната книжевна награда „Нојштад“, поетската награда „Жонкунг“ и наградата „Принцес оф Астуриас“ за книжевност во 2017 та. Струшките вечери на поезијата ја преведоа и објавија поезијата на Загаевски на англиски, македонски и полски јазик, во капитално издание на 800 страници.
Нина Стефанова