Со „Илијада“ се затвора Охридско лето на кое настапија над 800 уметници

Реализирана богата и успешна програма е крајниот впечаток на организаторите на годинашното 58 издание на фестивалот Охридско лето. Настапот на над 800 домашни и странски уметници ги исполни очекувањата на публиката, вели директорката на фестивалот Сузана Вренцовска.

  • „Охридско лето 2018 е едно од најуспешните изданија. Основа од која ќе ги градиме следните кои ќе бидат скалило погорево однос на квалитетот“, изјави Александар Поповски, драмски селектор на програмата.
  • „Прво на едно место во месец и пол да собереш таква елита на уметници од толку многу земји е голема предност како за Охрид така за цела Македонија. Особено охриѓани треба да бидат горди на ова што го имаат“, изјави Поповски.

Со театарската претстава „Илијада“ според истоименото дело на Хомер во режија на Јернеј Лоренци свечено ќе биде затворено годинашното  Охридско лето. Копродукцискиот проект  на Словенечки народен театар, Цанкариев дом и Градски театар утревечер на сцената на Античкиот театар ќе ги разоткрие мноштвото аспекти на Хомеровота „Илијада.

  • „Тоа што за мене е најубаво во тој прв голем текст на Европа, дури можеби и во светот е дека таму е суштината, јадрото на човечката заблуда, а тоа Грците го нарекуваат хибрис, значи суета. Значи од кога човекот станал свесен за себе мисли единствено на самиот себе и тоа е клучно и континуирано повторува ЈАС, ЈАС“, вели Игор Самбора, директор на Нацинален театар во Љубљана.

Според организаторите со утрешната изведба на „Илијада“ фестивалот ја заокружува разноликата и богата програма на „Охридско лето“ за која годинава се бараше и билет повеќе.

 

Нина Стефанова

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ