Изложба на Адем Кастрати

Живот полн со страдања во време на немаштија и војни, идиличните претстави на родниот крај, запаметен од годините на детството, животот со семејството и незаборавните бои и мириси кои што ќе останат во него меморирани до крајот на животот се разоткриваат во богатото и разнолико творештво на Адем Кастрати доајенот меѓу албанските сликари во Македонија.

„Тој е еден од личностите со најголемата индивидуалност и со најголемо патешествие, така што можеме и тиа негово патешествие да го согледаме во неговите дела . Го има тој т.н фламански стил на изразување којшто е присутен и кај Бројгел каде што тие патешествија, тие наивни ситуации или фамилијарни кои се присутни во секојдневието е присутно и кај него“, кажа Дита Старова – Ќерими, директор на Национална галерија на Македонија

Во делата на Адем Кастрати често се среќава фигурата на мајката стожер на семејството. Богатото и разнолико творештво на Кастрати е препознатливо и по сликарската техника, земјани бои на платно. Земјата во неговиот роден крај косовското село Горно Карачево  пребогата со пигменти ја употребил и како сликарски материјал дотогаш непозната техника во ликовната традиција, создавајќи оригинална техника не само во албанската уметност, туку и

„Тој креира една своја техника која ја истражува долги години од својата родна земја го зима песокот и создава интересна карактеристична техника земјени бои која е лична за него“, кажа Дита Старова – Ќерими директорка на Националната галерија на Македонија

Во поставката се опфатени деведесет дела кои ја разоткриваат сета разноликост и оригиналност  на Адем Кастрати чии дела досега се изложувани  во Скопје, Приштина, Белград, Тирана, Виена, Женева, Париз и Минхен.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ