
Неповолни финансиски извештаи за Министерството за култура
Државниот завод за ревизија тврди дека Министертсвото за култура не ги прикажало реално и објективно финансиските извештаи за 2016 година. Не е донесен интерен акт за начинот на користење на службените платежни картички, дел од расходите за угостителски објекти се без соодветна документација, одреден број вработени не го применувале системот на електронско евидентирање на работното време, противзаконски биле вработени 6 лица во кабинетот на заменик министерот за култура. Исто лице земало две плати од министерството и како државен службеник со редовен работен односи и како возач на министерот со авторски договор.
Во однос на изградбата на капиталните објекти констатирани се следните состојби : Стариот театар и Музејот на ВМРО биле ставени во употреба пред да се изврши технички прием и преглед од инженер, несоодтветна исплата за изградба на Скулптурната композиција, неправилности во изградбата на тетарот Велес, 5 милиони евра кои се издворени за реконструкција на фасади на објекти во центарот на градот се ставени во ставката заштита на културното наследство што претставува незаконски потрошени средства.
Како одговорно лице за финансиските извештаи посочена е поранешната министерка Елизабета Канческа Милеска. Ревизијата направила и увид во 11 проекти за печатење книги за кои биле потршени околу 9 милиони евра. Утврдено е дека не се почитувала динамиката на реализација на проектите ниту пак се воспоставени критериуми за определување на висината на средствата кои ќе им се доделувале на носителите на проектите.
Два милиони евра се доделени за 112 проекти во фолклорната и сценско уметничката дејност без претходно рангирање и доставување проекти. Министерството за култура испатило допис со забелешки за извршената ревизија и ветување дека во иднина ќе ги засилат интерните контроли, а ќе го регулирата и начинот на распределба на средствата имајќи ги предвид условите и критериумите од актуелните конкурси.
Јулијана Лефковска