Меѓународен ден на танцот

Нашите разлики се наша предност велат кореографките Искра Шукарова и Урсули Игли за својот најнов проект „Чудна шума“ со чија премиерна изведба вечерва Македонија ќе се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на танцот. Во изведебата покрај студентите од Катедрата за современ танц ќе настапат и лица од центарот за Даунов синдром со кои Шукарова соработуваше на проектот „И јас сакам да бидам балерина“ поддржан од УНИЦЕФ .

„Интегрирањето на овие лица во проекти од ваков тип е особено важно заради тоа што движењето е универзален јазик и исто така преку проектот „И јас сакам да бидам балерина“ имав можност да соработувам со нив  и во иднина ќе се обидам секогаш кога има можност во танцови проекти“, вели Шукарова.

„За мене едно од најинтересните нешта беше како заедно ги обединивме различните уметнички интереси и практики кои ги има Искра. Изнаоѓање нови начини на движење кое може да биде применето кај различна популација, различни движења кои имаат свое значење“, додаде Игли.

Вечен израз на човековата потреба и желба за комуникација. Танцот не познава граници, раси, религии и има моќ да обединува и зближува. Гласник на еднакви можности и еднаквост за сите на земјината топка  стои во пораката на македонскиот танчер Марко Мицов кој живее и работи во САД по повод Меѓународниот ден на  танцот.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ