55 МТФ „ Војдан Чернодрински“ одложен за септември, а може и да се откаже годинава

Одложено е годинашново 55 издание на Македонскиот театарски фестивал „ Војдан Чернодрински“ , кое традиционално започнува првиот петок во месец јуни ( на денешен ден). Причина е здравствената криза, предизвикана од епидемијата со Ковид- 19. Според уметничката директорка на фестивалот, Катерина Коцевска, доколку состојбата со ширењето на епидемијата се стабилизира и добијат дозвола од надлежните, постои термин за одложено одржување, од 25 септември до 2 октомври . Но, јубилејното фестивалско издание, согласно околностите, може да биде откажано и да се одржи следната година, додава Коцевска. Оваа одлука е донесена на неодамна одржаното фестивалско Собрание, кое го сочинуваат директорите на сите 16 професионални театри во земјава. Планирано било  во славенички дух, 55 роденден на МТФ да се одржи без селекција на претстави, туку секој театар да учествува со според него, најдобрата продукција, реализирана меѓу две изданија. Но поради епидемијата и забраната за групирање на граѓани, сега е неизвесно дали фестивалот годинава воопшто ќе се одржи.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ