„Ѕвезда под небото“ е слоганот за туристичка промоција на Струмица

Струмица  се брендира. Слоганот „Ѕвезда под небото“ е само еден од неколкуте слогани, логоа и промотивни видеа со кои ќе се гради позитивна слика за Струмица, но и почетен обид  градот да се позиционира на светската мапа на туристички дестинации.  Организаторот на проектот кој е финансиран од европски фондови  вели дека  градењето бренд не подразбира само промоција на градот и значајните локалитети и настани, туку и производи и личности кои се синоним за Струмица

Градоначалникот Јаневски вели дека Струмица е позната по создавањето вредности и тие треба да се презентираат на светот.

Во проектот се вклучени  Марјан Ѕингаров, Никола Маџиров и Александар Дончев како автори на  логоата, слоганите и видеата.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ