Влезот на македонски државјани во Грција забранет на сите гранични премини

Околу 10 до 15 автомобили од Северна Македонија и Босна и Херцеговина утрово биле вратени од граничниот премин Промахонас/Кулата на грчко-бугарската граница, откако сакале преку Бугарија да влезат во Грција, објавија грчките телевизии „Скај“ и „Мега“.

Конкретниот граничен премин е отворен за влез на туристи во Грција, но само од земјите членки на ЕУ и од третите земји што се најдоа на европската листа, додека пак за македонските државјани,забраната за влез во Грција до 15 јули 2020 важи независно од граничниот премин.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ