ДИК го заклучи Избирачкиот список

На претстојните парламентарни избори, право на глас имаат 1.814.263 избирачи. ДИК го заклучи Избирачкиот список и го дополни со сите кои ќе наполнат 18 години до 15-ти јули и кои поседуваат важечки лични документи. На посебни изводи се наоѓаат нешто повеќе од 85 илјади лица, односно: 83.054 се водат како лица на привремен престој во странство, 1.657 се на отслужување казна затвор, 357 се сместени во старски домови, а шестмина се уште се водат како внатрешно раселени лица.

На овие избори, нема да се организира гласање во дијаспората бидејќи не се пријавија доволен број гласачи. Нема да се организира гласање и на 90 избирачки места во земјава, на кои бројот на запишани избирачи е под 10. Тие можат да го остварат своето избирачко право на најблиското избирачко место во посебна гласачка кутија.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ