
Зоран Теофиловски утринава бил на распит во кривичниот суд
Зоран Теофиловски, кој е член на судскиот совет, а кој е под истрага за нелегална приватизација и легализација на државен имот во Тетово, утринава бил на распит во кривичниот суд.
Неофицијално, тој сам се пријавил.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најавува жалба по решенијата на судијата на претходна постапка за осумте лица осомничени за злоупотреба на својата положба и овластување, откако само за четворица беше одреден притвор.
Теофиловски е осомничен дека во 2011 година како претседател на спортско здружение од Тетово, со намера противправно да се изврши упис на право на сопственост, поднесувајќи лажни докази, започнал постапка за легализација, со што е нанесена штета на буџетот од речиси 860 илјади евра.
Телма веќе објави дека Теофиловски е зет на Александра Зафировска, поранешна претседателка на судскиот совет, чиј глас можеше да се слушне и во таканаречените бомби.