
Златната метла ја промени адресата, Дескоска очекува правосудна чистка
Акцијата за собирање отпадоци министерката за правда ја искористи за да испрати симболична порака за поинаква чистка, правосудна. На Златната Метла, која во мај годинава осамна пред министерството за правда, Дескоска и најде друга адреса која смета дека е посоодветна. На претседатлеот на Судскиот совет Киро Здравев денеска му ја предаде лично, откако претходно во неколку наврати јавно го повика ова судско тело кое бира и разрешува судии да си ја врши својата работа и да биде главен филтер мегу професионалните од непрофесионалните судии.
Примопредавањето на метлата го гледаше и претседатлеот на најголемиот кривичен суд Иван Џолев. За кратко од Здравев метлата премина и во негови раце. Но нему и на останатите претседатели на судови министерката неодамана им испрати и писмо со кое ги потсети дека имаат зкаонски обврски да ги пријавуваат судиите кои одолговлекуваат и застаруваат предмети.
Ветинг освен за судиите се најавуваше и за обивнитлеите но метла не доби Државниот обвинител Љубомир Јовески кој има законска можност да покренува дисциплински постапаки. Вели подржува процес на прочистување но за тоа треба законски измени
Обвинителката за организиран криминал Рускоска смета дека прочистување во судството може да се спроведе преку ветингот. Таа денеска со дел од колегите учествуваше во акцијата не биди губре. Во помал број присутни беа и обвинителителите а забележавме и неколкумина судии од скопскиот кривичен суди и апелација. Претседателот на скопскиот граѓански суд Илир Сулејмани вели дека е задволен што речиси сите административци од неговиот суд учествуваат во чистењето, но во однос на коментарите кои можевме да ги слушнеме, дека ниту еден судија не им се придружил, Сулејмани вели дека дописот што го добиле се однесувал на судската администрација и на него како претседател.
Елена Ивановска Мукоска