
Зимбовска и Ристов нови судии во апелација
Лидија Зимбовска, што го судеше „Труст“ против Сеад Кочан и Ѓоко Ристов што му судеше на градоначалникот на Шуто Оризари, а познат е и по првиот процес за „Шпион“ едногласно се избрани за судии кривичари во скопска апелација.
Зимбовска беше 10-то рангирана а Ристов на 14-то место, но сите пред нив не го добија потребното 2/3 мнозинство. Пред нив на листа беа судиите Ивица Стефановски, Огнен Ставрев, Оља Ристова, Александра Ристевска и други нејзини колеги од кривичен. Пред нив рангирани имаше и судии од други судови како Габриела Гајдова од Велес и претседател на судот во Кавадарци Лазар Нанев.
Овој оглас е стар една година а треба да се изберат вкупно 6 судии за апелација.
Од немнозинската листа за кривичар во апелација беше избран и Јусиф Ајрулахи, петто рангиран. Кандидат беше и Осман Шабани од предметите „ТНТ“, „Титаник“, „Монструм“, но не доби мнозинство.
За граѓански судии во апелција избрани се Виолета Поповска и Аритон Ала а за Одделеот за стопански спорови е избрана Цветанка Ташева.