Живеат на само неколу метри од браната Пишица, а стоката и нивите им се жедни за вода

Живеат на само неколу метри од браната Пишица, а стоката и нивите им се жедни за вода. Околу две  година се  чека на  технички прием на малата акумулација, која дава живот на жителите на пробиштипското село Пишица. Жителите се сообраа на сред село да го искажат својот револт. Посочуваат дека поради непуштањето на техничката вода, за градините и стоката ја користат и водата за пиење, па во овој период чешмите од водоводот им остануваат суви и по  четри дена во неделата.

Сосема мал дел од домаќинствата се приклучени за индустриска вода од Калиманци, но останатите се зависни од Пишица, па секојдневно со туби и цистерни полнат вода од селската чешма. Ова село има над 180 жители, а имаат и десеттина новороденчиња. Се уште е живо, бидејќи се наоѓа на 15 до 20 километри од Пробиштип, Штип и Кочани, но тие најавија и граѓанска непослушност кон  матичната општина доколку не им се решат комуналните проблеми.

Првиот човек на општината утринава имаше средба со жителите на Пишица, смета дека револтот е оправдан, а проблемов со водата од акумулацијата ќе се реши до крајот на неделава.

Техничкиот прием на акумулацијата, која се изгради со над еден милион евра, а ја градеше Трансмет фирмата на Сеат Кочан досега не е извршен поради бироткатски процедури, но и нецелосната второстепена комисија во којашто некои од членовите заминале во пензија, а има и кои се теретар и за предметот Шпански скали. Оваа брана попушти пред седум години, по што го полави селото, нивите, а водата стигна и до Штип.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ