
Жителите од селата Иловица и Штука деветти ден дежураат на блокадите пред рудникот
Пет часот наутро. Првата група жители и активисти веќе ги поставиле блокадите. Деветти ден по ред овде се менуваат граѓани од двете села Иловица и Штука, но и од други населени места. Сите коишто овде се веќе втора недела очекуваат Владата да донесе одлука за раскинување на договорот со Еуромакс за рудникот.
Локалното население ги распоредува обврските околу работите на полето за да дежураат на блокадите. Но упорни се дека нема застанување се дури не се реши судбината на рудникот.
Премиерот Заев минатата недела изјави дека денеска или следниот вторник Владата ќе ја сооопшти конечната одлука за рудникот кај Иловица и Штука. Не беше дециден каква ќе биде содржината на одлуката, но навести дека има прекршување на повеќе правно-формлани аспекти од договорот.
Сузана Мицева