Жителите од Лакавичкиот регион се жалат на загадување од старата асфалтна база

Бела прашина се издига од оџакот на старата асфалтна база на јавното претпријатие Македонија пат, во Лакавичкиот регион. Педесетина штипски семејства, кои постојано живеат во своите викенд куќи забележуваат дека кога работи базата за нив нема живот. Ветерот ја разнесува прашината и на неколку километри,  имаат проблеми со дишењето, а од чадот,  како што велат печат и очите. Земјоделските производи, кои ги произведуваат, ниту можат да ги консумираат, ниту да ги продаваат.

Речиси половина век оваа база  произведува асфалт за реконструкција на патиштата низ источна и југоисточна Македонија. Жителите и земјоделците од овој регион постојано реагираат на загадувањето, кое го трпат од работата на базата. Костадинов кој е и неуропсихијатар вели дека чадот, кој излегува од оџакот е штетен за здравјето на луѓето.

Жителите бараат државата да си преземе мерки за асфалтната база, која е во сопственост на државното претпријатие Македонија пат. Директорот на ова претпријатие, Гајур Кадриу за Телма вели дека оваа база е една од најстарите во земјава, а во текот на зимскиот период предвидена е нејзина реконструкција и псотавување на филтри.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ