
Жителите на Тимјаник погласни од министерката Царовска на денешниот протест
Сакаме градинка, а не дом за деца со посебни потреби. Со овој аргумент, насобраните жителите на протест во селото Тимјаник побараа од министерката Мила Царовска да се откаже од намерата. Само 3 деца кои со воспитувач ќе престојуваат во објектот на поранешниот здравствен дом, се причина за масовниот протeст на жителите на ова село. На секој одговор од Царовска дека тие деца не се закана, жителите дофрлаа.
Царовска во име на министерството и во заштита на проектот, вети и градинка на месното население.
Жителите на неготинското село, за домот за деца со посебни потреби разбрале од ѕидарите коишто го средувале објектот. Деновиве го изразија револтот, а на социјалните мрежи ги собраа критиките.
Препирката од безмалку еден час не вроди со плод. Царовска си замина и им остави една недела да размислат дали ќе дозволат домот за деца да заживее. Проектот е дел од најавите на Царовска дека децата од гломазни институции ќе ги згрижи во мали заедници. Ваквите најави се интензивираа по критките дека во домовите за деца, тие се предмет на злоупотреби, насилство, а во неколку случаи затруднеа и малолетнички.
Петар Догов