
Жителите на Кочани на протест пред фабриката за хартија Пејпер Мил
Жителите на Кочани и граѓански активисти денеска пред фабриката за хартија Пејпер Мил по вторпат протестираа поради загадувањето од фабричкиот оџак и бавноста на надлежните институции. Граѓаните кои протестираа пред фабричката капија тврдат дека воздухот во Кочани има и мирис и боја, а веќе предизвикува и здравствени проблеми.
Жителите на Кочани со кривична пријава ќе се борат против фабриката Пејпер Мил, денеска се потпишуваа на полномошното на адвокатот. Како доказ имаат и фотографии. Револтирани се што не ги добиле податоците од мерењето, а сомневаат дека инспекторите не си ја вршат работата, а фабричкиот оџак најмногу загадува за време на викендите и во вечерните часови.
Упатија и порака од протестот сите загадувачи во Кочани да си преземат мерки, за да не им испорачат тужби. Лани по налог на Министерството за животна средина на оваа фабрика беа поставени филтри, но според граѓаните тоа не е доволно, бидејќи оџакот и понатаму го загадува воздухот.
Викторија Јованова