Жителите на Јагуновце бараат рестартирање на комбинатот, ама со филтер

Со згаснувањето на Југохром згасна и егзистенцијата на жителите од Општина Јегуновце. Речиси секое семејство од оваа рурална општина опстануваше од овој комбинат.

Сега едвај преживуваат. Заглавени со кредити, без доволно пари за храна, лекови и греење, надежта ја гледаат во рестартирањето на фабриката, чии оџаци не чадат 15 месеци.

Остануваат на ставот дека Југохром не го загадува воздухот, и истиот според нив бил затворен поради политички мотиви.

Југохром престана да работи на 1 ноември 2016 година, откако Министерствотото за животна средина донесе одлука дека комбинатот не ги исполнува еколошките услови за производство. Му наложи на комбинатот доколку сака да работи да изгради филтер станицата.

Ја посетивме фабриката. Моментално таму работат околу 50 луѓе, го одржуваат системот за производство.

Од раководството на комбинатот, велат дека во меѓувреме интензивно се работи на изградба на металната конструкција на филтер станицата, која се изработува во Скопје. Целиот систем велат изнесува 4 ипол милиони евра. Дел од сумата е платена.

Од март годинава ќе се започне со монтирање на станицата, која целосно ќе биде готова во текот на месец август, кога се очекува Јухгохром да почне со работа со половина капацитет, и на работа да се вратат над 500 работници

Од Синдикатот на Југохром, уверени се дека филтер станицата ќе се изгради, затоа што голем дел од сумата е веќе уплатена и металната конструкција се гради.

Од таму велат дека ќе побараат од владата да им даде дозвола Југохром да почне со работа од месец март годинава, парарелно додека трае изградбата на станицата.

Јухохром е еден од поголемите индустриски капацитети во земјава Неговото неработење значително влијае на падот на индустриското производство, кое во последно време го бележат статистиките.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ