„Здрава котлина“: Во секоја политичка партија има поединци кои се вмешани во рудниците

Во секоја политичка партија има поединци кои се вмешани во рудниците, велат активистите на Здрава котлина. Сметаат дека корумпирани политичари договарале рудници и предупредуваат дека голем број поддржувачи ќе ги бојкотираат изборите доколку не се затворат прашањата со рудниците. Ова се дел од пораките што ги испратија на едночасовниот моторизиран протест низ Струмица.

Протестот на активистите против рудници во Југоистокот почна на влезот од Струмица и продолжи низ централното подрачје.

Концесионерот на рудникот кај Иловица, Еуромакс, смета дека протестот на актвистите е неодговорно предизборно пазарење со судбината на како што велат, илјадници луѓе кои можат да обезбедат работа и подобар животен стандард.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ