
Жителите на Иловица и Штука продолжуваат со блокадите
Жителите на Иловица и Штука и активистите против отворање на рудникот шести ден го дочекаа утрото на блокадите.
Заедно со механизацијата и автомобилите, го блокираа пристапниот пат до рудникот, но ангажираните работници и археолозите не се појавија.
Активистите на Здрава котлина и Еко долина велат дека нема да ги кренат блокадите се дури не се реши судбината на рудникот.
Еден од најредовните е дедо Ило, жител на Штука, кој буквално секој ден го дочекува на барикадите.
Вчера премиерот Заев рече дека судбината на рудникот ќе се одреди во вторник. Навести дека не се исполнети правно – формалните аспекти, а конечната одлука на Владата ќе ја соопшти на почетокот на идната недела.
Блокадите на пристапниот пат почнаа минатата недела за да ги спречат археолошките истражувања на Огражден што ги финансира Еуромакс.
Жителите и активистите сметаат дека не смее да има никакви активности во услови кога е истечена концесијата на Еуромакс.
Сузана Мицева