Жител на Седларце застрелал куче бездомник

Ова е кучето бездомник кое вчера беше застрелано од 70-годишен жител од тетовско Седларце.

Веста беше објавена на социјалните мрежи при што пристигнаа голем број реакции и осуда за овој инцидент од здруженијата за заштита на животните.

Ова на телоп да се прочита болдираново имам пратено и слика од реакцијата на фацебоок

Убивање на кучиња сред бел ден во село Седларце тетовско. Луѓе или монструми, со кого живееме, го пробивме и дното, стои во реакцијата на здружението Надеж за безгласните.  

Од полицијата велат дека го имаат регистрирано случајот а лицето кое пукало е повикано на информативен разговор и се работи на расветлување на случајот.

Тој пријавил дека во одбрана да се заштити самиот себе и неговиот внук, бил принуден да го застрела кучето откако му влегло во неговиот двор го нападнал него и неговиот внук

Пред нашата камера тој ни раскажа дека е свесен оти го прекршил законот, но друг избор како што рече немал

Од Општина Брвеница велат дека не можат да го решат проблемот со кучињата скитници без заеднички пристап со другите општини или поконкретно со Општина Тетово, каде кучиња скитници има на секој чекор.

Градските власти најавија дека месецов ќе објават тендер за згрижување

на бездомните животни, но октомври веќе помина а бројот на бездомни животни расте од ден на ден.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ