Жестоки реакции на партиите на Ромите по коалицијата со Амди Бајрам

Политичките претставници на Ромите со жестоки ракции по одлуката на премиерот Заев за коалицирање со пратеникот Амди Бајрам и неговата партија Сојуз на Ромите. Тие бараат премиерот да ја преиспита одлуката бидејќи, според нив Бајрам треба да одговара кривично и во ниту еден момент не мисли да им помогне на Ромите во Македонија.

Коалициониот партнер, Демократската партија на Ромите, бара Заев да ја преиспита одлуката.

Тие обвинуваат дека со влезот во коалиција со премиерот Заев е договорена амнестија за криминалите на синовите на Бајрам.

Сепак и покрај жестоките реакции, и најавите за улични протести претседателите на двете партии не најавија евентуално напуштање на коалицијата во знак на протест.

Градоначалникот и двајцата претседатели на политички партии најавија дека нема да комуницираат со новиот коалициски партнер Амди Бајрам.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ