Жестока расправа за Законот за јавно обвинителство

Транспарент со прашање до Јовески, до кога ќе го крие писмото со кое притворената Катица даде наредба, предметите од СЈО да се пренесат во Обвинителството за организиран криминал, беше спуштен од собраниската галерија, за време на говорот на Републичкиот јавен обвинител. Го држеа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои се повлекоа по интервенцијата на обезбедувањето. Јовески не реагираше и продолжи со обраќањето, повикувајќи да се донесе закон за јавно обвинителство, што нема да е од партиски интерес.

Одговор од Јовески побара и професорот Гордан Калајџиев.

Калајџиев остро искритикува дел од одредбите дека се смешни и дилетантски, особено делот во кој се вели дека постапките треба да продолжат. Вели дека, постапките кои се спорни, не може да ги воскресне политички субјект. Министерката за правда побара мислење од присутните за спорните одредби кои се со месеци камен на сопнување меѓу партиите.

Академик Камбовски рече дека законот мора да се донесе и по цена да се одложат изборите, додека професорките од Правниот факултет, критикуваа дека законот е речиси целиот противуставен и треба да се доработи, наместо да се бара двотретинско мнозинство за да се донесе ваков како што е. Поранешната обвинителка во СЈО, отиде и подалеку, барајќи помош од ЕУ.

Расправата продолжува и утре. Законот е се уште во работна верзија и ќе биде поднесен во Собранието откако експертите ќе го кажат своето мислење. ВМРО-ДПМНЕ дадоа бројни забелешки, а власта се обидува да обезбеди  двотртетинско мнозинство и без нив.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ