Жешко столче за идните антикорупционери

Раздвижено во недела наутро во Собрание. Итно треба да се изберат членовите на новата антикорупциска Комисија па да се распишат претседателски избори. Седумчлената мешовита комисија од пратеници и невладени упте во 10 часот е спремна за прашување и оценување. На жешкото столче прва седна поранешната министерка и член на ДИК, а сега адвокат Тања Алтанџиева.

Еден по еден се редеа и другите кандидати, дел познати за јавноста дел не. Речиси никој не откри до сега каков корупциски кандал има лоцирано меѓу функционери. Ги прашуваа и како ќе постапат тие доколку се отвори сомнеж за некаква афера, како досегашната ДКСК не требало да постапи, на кој начин ќе ја отворат антикорупциската комисија за јавноста.

И актулниот јавен обвинител Златко Биковски седна на кандидатското столче. Се пофали дека во својата досегашна работа има два поголеми успешни случаи Метастаза и Калдрма. Призна дека притисоци во работата имал од пратеници, но запрашан дали алармирал за можен конфликт на интереси кај негов претпосавен.

Со овој звук завршува 30 минутниот распит на секој кандидат. А такви се многу 57 за 7 места во антикорупциска од кој еден ќе биде претседател.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ