Женските организации со осуда за портпаролот на ВМРО ДПМНЕ

Фејсбук статусот на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, во кој ја нарече новата министерка за финансии – Џирло Девојка – презентерка за владините Светлечки Јојоа и Стомак елиминатори, додека всушност министерува Заев, наиде на силна осуда во јавноста.Неколку организации, меѓу кои и мрежата за заштита од дискриминација, ЛИДЕМ, Форумот на жените на ДОМ и на СДСМ, побараа од Стоилковски да и`се извини на Нина Ангеловска, но и на сите жени. 

Стоилковски, пак, повторно на фејсбук напиша дека е погрешно разбран и дека реагирал на однесувањето на премиерот, кој на заедничката прес-конференција, на прашањата наменети за Ангеловска, го земал микрофонот и одговарал самиот.

На статусот на Стоилковски реагираше и пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова, која повика да престане говорот на омраза кон жените.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ