Жените во време на пандемија страв или предизвик, борба или пораз ?

Вирус со многу непознати велат научниците и пандемија која ги извади на површина некои аспекти за тоа како Ковид 19 влијае врз жените и девојките.

На прашањето дали за време на пандемијата посетиле доктор 71% испитанички велат дека се чувствуваат добро и  немаат потреба, сепак на 9,7 % жени посетата на доктор им била неопходна. 9,3% стравот поради Корона вирусот ги спречил да посетат доктор.

Во период во кој многумина се принудени да работат од дома, различни ставови за економскиот аспект на Ковид19. На прашањето дали им недостасува работата 25, 8 % и во овие услови одат редовно на работа.

19,4 проценти  не се во работен однос, со ист процент се и оние кои наоѓаат начин како и во домашни услови да работат.

На прашањето дали стравуваат дека ќе ја загубат работатата поради пандемијата најголем дел сметаат не треба се стравува бидејќи сите сме во иста ситуација.

Домашната изолација  за која малкумина го имаат одговорот до кога ќе трае кај 35, 6 % влијаела понекогаш да се чувствуваат тажни и дефокусирани, но набрзо нашле начин како да се справат со оваа состојба. 33,4 % уживаат во домашната изолација. 7,6 проценти пак чувствуваат голем страв, психичко растројство и анксиозност кои често завршуваат со кавги со  најблиските.

И додека во светски рамки за време на пандемијата и полицискиот час се зголемува бројот на жртви на семејно насилство според анкетата на Нексус кај нас за 82,3 % полицискиот час бил повод уште повеќе да се збилжат со домашните, само за 0,5% тие несогласувања кои ги имле и претходно сега преминуваат во насилство.

Трите најчести работи кои ги прават жените и девојките за да го намалат стресот се активноста на социјалните мрежи, разговор со пријателите, гледаат филмови и читаат книги, проешетки во природа или пак готвење и прекумерно чистење по дома.

Наспроти тоа 14,2 % не преземаат ништо и едноставно уживаат во изолацијата.

Грижата за здравјето, семејното насилство и економскиот аспект, личната грижа и нега се аспектите на анкетатата на Граѓанскиот концепт Нексус спроведена на Фејзбук во која земале учество 1790  испитанички.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ