Жените во АРМ

Инжинерка и работи со тешки машини, офицерка која се грижи за снабдување на армиските единици, девојка која сака да биде жена во униформа и учи за да стигне до првите еполети, прва жена армиски пилот. И во АРМ има жени, нивната бројност не е на нивото на мажите.

Меѓу нив е и помлад водник Китаровска, на последниот ден на АРМ, лани на 18-ти август во гардиска униформа го носеше Орденот за воени заслуги кој го доби Батаљонот за почести во АРМ- гардистите.

Денеска беа собрани на дебата за родова рамноправност. 8-ми март е добија честитки оттука, од Брисел, но и можност да кажат што ги мачи. Највисок чин од македонските жени во униформа е полковнички, на Мери Ринџова. На чекор до генералскиот венец, но зад неа има многу празен простор. Нејзините сестри по униформа заостануваат, потенцираше полковник Ринџова.

Кога има повеќе жени во процесот на одлучување за работи кои се поврзани со безбедноста – секогаш решението е мир. Овие оценки дали вистински смислени или само пригодно празнично беа кажани на денешната дебата. Сите се водеа со статистиката. Половина луѓе во светот се жени, половина талент и знаење низ светот е на жените, а сите армии бегаат од тоа богатство.

Состојбата е подобрена, но има отворен простор за уште напредок, признава и Шекеринска. Постои тивка невидлива дискриминација за жените, а во борбените единици жените многу тешко се прифатени на почетокот на нивната кариера. Мора да се менува како во големите современи армии, порача и поручник Биберовиќ.

Ова е прв 8-ми март во Македонија, а жена да го води Министерството за одбрана. Таа пак го посочи и примерот со Словенија, каде жена – генерал во моментот ја води словенечката армија, која е дел и од НАТО.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ