
Жените кои трпеле сексуално вознемирување на работа нема кому да се пожалат, а насилниците најчесто не се казнети
Шефови го злоупотребуваат својот авторитет и им закажуваат состанок на работнички вон работното време, ги допираат и им предизвикуваат непријатност. Речиси никоја од нив не се осмелува да го крене гласот и да пријави.
Во Македонија нема точна бројка колку жени трпат вознемирување на работа. Според невладините, жените кои се жртви најпрво треба да се пожалат кај работодавачот. Но, потоа заглавуваат во судските лавиринти што дополнително ги удира по џебот. Бараат законски измени, за да се казнат насилниците.
Проблемот со законите е во доказната постапката. Жените можат да тужат, но не можат да докажат дека биле вознемирувани. Тоа уште од самиот старт ги обесхрабрува да се јават на адвокат и да покренат тужба.
Законски измени ќе има, но во законите за социјална заштита и семејно насилство ветува министерката за труд и социјала, Мила Царовска.
Наспроти тоа, борците против родово и сексуално базирано насилство бараат мобилизација. Велат, борбата против секаков вид на вознемирување не смее да трае со години.
Петар Догов