Жената прегазена во Штип со повреди на р’бетот

Тешки телесни повреди и се нанасени на 68-годишната С.Д која вчера беше прегазена на печаки премин во центарот на Штип. Од Клиничкиот центар за Телма потврдија дека жената е хоспитализирана на одделението за ортопедија, а лекарите констатирале тешка повреда на р’бетниот столб.

Здравствената состојба на жената е стабилна.  Таа беше прегазена од  63-годишен таксист, со автомобил марка „фолсцваген голф“, со штипска регистрација.

Очевидците велат дека на овие премини не застануваат возачите, и покрај тоа што е централно градско подрачје.

Во рок од 13 дена, ова е втора несреќа на пешачки премин во Штип. Претходно, 15-годишен средношколец почина откако беше прегазен на пешачки премин.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ