Жена спремна да води нација или продолжена рака на Мицкоски?

„Жена подготвена да води нација!“ Со ваква објава на фејсбук професорката Гордана Силјановска-Давкова и соопшти на пошироката јавност дека од вчера официјално влегува во трката за претседател. Изутринава доби гласна поддршка од претседателот Иванов, со кого заедно, во придружба на партиското раководство, прошетаа по охридските улици. Пред точно 10 години, Силјнавоска  даде поддршка за кандидатурата на професорот Иванов.

Според главниот политички противник СДСМ, Силјановска ќе биде уште една продолжена рака на Мицкоски, која ќе дејствува деструктивно за земјата.

Иако професорката Силјановска на вчерашната Конвенција, убедливо ги победи другите осум кандидати, за дел од поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ, ова ќе биде тест и за партијата и за нејзиното раководство. Екс градоначалникот Ивица Коневски во отворено писмо до лидерот Мицкоски, порача дека за успех на претседателските избори потребно е обединување на членството.

  • Мора да покажеш конструктивност и да го обединиш членството, затоа што тоа е неопходно за ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот успех на претседателските избори. А доколку партијата загуби, ти како актуелен претседател, ќе мораш да понесеш одговорност. Груевски поднесе оставка по поразот на локалните избори во 2017, пишува  Ивица Коневски, екс градоначалник на Аеродром

Мицкоски е уверен во победа.

Силјановска-Давкова очекува поширока поддршка, не само од членството на ВМРО ДПМНЕ.

На Конвенцијата во Струга, професорката Давкова победи уште во првиот круг. За неа гласаа 408 од 519 делегати. Најсериозниот конкурент, пратеникот Владимир Ѓорчев имаше само 80 гласа, а другите седум кандидати ги поделија останатите дваесетина гласови. На гласањето му претходеше неколкунеделна кампања во општинските комитети.

 

Соња Николовска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ