
(видео)Жбогар: Ветингот е последна опција
Евроамбасадорот Самуел Жбогар смета дека ветинг во судството е последна опција која треба да и се случи на Македонија.
„За следната година планираме проект за мониторирање за случаите со висока корупција и верувам дека ова ќе го подобри функционирањето на судството. Ветингот е последна опција, а тоа е консензуз од сите политички партии. Во моментот не гледам дека има потреба од такво нешто. Нашата положба е дека одлуката останува на земјата и самата земја ќе го реши тоа прашање“, истакна Жбогар.